Македонија
20. јуни 2022 - 10:42

Заминал да работи во Црна Гора, Енис Халили од Тетово е 22-годишното момче кое се удави во Јадранот

22-годишниот Енис Халили од Тетово кој вчера се удави во водите на Јадранското Море заминал во малото црногорско туристичко место Утјеха за да работи. Младиот тетовец со работа требало да започне денеска, а вчера по сместувањето кое го добил од работодавачот, заминал на плажа.

Сосед на Енис, вели дека првичните информации кои ги слушнале за трагедијата се дека силна морска струја го повлекла подлабоко во морето.

„Тоа е животот. Наместо подобрa eгзистенција за еден млад тетовец, се случи трагедија. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот“, изјави соседот за телевизијата Клан.

Соседот вели дека лошата вест на родителите на Енис им ја јавил работодавецот, угостителот од Утјеха, кој претходно алармирал дека загубил контакт со момчето.

Како што соопштија македонските власти кои ги добиле официјалните информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека се работи за давање, зашто нема траги на насилство.