Заменик на украински министер: Србија со летовите за Москва заработува на крв
Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија” за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград.
Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата Ер Србија го удвоила бројот на директни летови од Белград до Москва, откако земјите од ЕУ и некои други земји воведоа забрана за летови за руските авиони и ги прекинаа летовите за Русија.
– Србија е единствената земја во Европа која има отворено небо за Русија. Заработката на крв не е достојна за една земја кандидат за ЕУ, напиша Емине Џепар.
Весникот Гардијан пишува дека богатите Руси ја користат Србија за да на „мала врата бегаат” во Европа заобиколувајќи ја забраната за летови на ЕУ до и од Русија.
– Ер Србија, што мнозински е во државна сопственост, го удвоила бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно за да одговори на зголемената побарувачка, откако ЕУ им забрани на руските авиони и авиокомпании да влезат во нејзиниот воздушен простор по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина. Русија одговори со затворање на својот воздушен простор за авионите на ЕУ и на Велика Британија, пишива Гардијан.
Британскиот весник потсетува дека Србија не е членка на ЕУ и дека одбила да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат да влезат во воздушниот простор на ЕУ.
– Така, оваа земја на Балканот стана единствениот преостанат европски воздушен коридор отворен за Русија, соопшти компанијата за анализа на патувања „Форвард кејс” (Forward Keys).
Капацитетот на седиштата на летовите меѓу Русија и Србија е зголемен за 50 отсто во првата недела од март во споредба со неделата пред влегувањето на руските тенкови во Украина, соопшти компанијата, додавајќи дека е планирано дополнително зголемување на капацитетот за следните недели.
– Она што е највпечатливо е колку брзо Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа, изјави потпретседателот на „Форвард кејс”, Оливие Понти.
Русите кои доаѓаат во Србија го продолжуваат патувањето кон Европа, а нивните главни понатамошни дестинации се Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите патуваат и во Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија, пишува Гардијан.
Вчера, на Белградскиот аеродром поради лажна дојава за експлозивна направа беше приземјен авионот на Ер Србија кој леташе на дестинацијата од Белград до Москва.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди