Заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов во Босилово

Заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов денеска во општина Босилово ги претстави можностите за искористување на новиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, кој изнесува 20,5 милиони евра. Тој посочи дека вкупната вредност на програмата е 42 милиони евра.
- Првиот повик за наредниот петгодишен период е 20,5 милиони евра. Имаме четири оски на соработка: вработување, патна инфраструктура, заштита на животната средина и управување со климатските промени, културното наследство како основа за добар туризам. Овие можности ги пренесуваме пред се на руралните општини за нивно поактивно вклучување во програмата. Ова се грантови, неповратни средства кои може да помогнат за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, истакна Пренџов.
Тој очекува овој петгодишен период да заврши со 95 отсто искористеност на средствата, како што досега било случај со ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Во претходниот период, Македонија и Грција искористиле 85 отсто од потенцијалните европски пари.
- Наш главен проблем за прекугранична соработка со Грција е изнаоѓање партнери од другата страна. За нас, како рурална општина ова се големи средства, но за грчките општини кои имаат на располагање и други европски фондови, ова се мали пари и тие немаат интерес да учествуваат. Ова беше конструктивен состанок, на кој ги кажавме проблемите и разговаравме дали и како може да добиеме помош од министерството, истакна градоначалникот на Босилово Љупчо Колев.
Општина Босилово досега има реализирано четири проекти преку ИПА програма за прекугранична соработка со Бугарија во периодот од 2007-2013 година. Преку нив се изградени дрвените патеки во Моноспитовско блато, како и едукативно-младинскиот центар во Босилово и Центарот за алтернативен туризам и креативен развој во Моноспитово.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
