Заменик министерот Муцунски се сретна со потсекретарот на ОН Ву Хонгбо
Македонскиот заменик министер за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски, во тек на посетата на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со потсекретарот за економски и социјални прашања на ОН, Ву Хонгбо.
Муцунски и Хонгбо, како што соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), детално разговарале за целите за одржлив развој на ОН и за начините како глобалната заедница да посвети посебно внимание во нивната примена.
Според соопштението, Хунгбо изразил позитивно мислење за реформските мерки кои ги презема македонската Влада за процесот на реформа на јавната администрација и ветил експертска помош од ООН, при изработката на конечната верзија на стратегијата за реформа на јавната администрација.
- Муцунски и Хунгбо се согласија дека и понатаму треба да продолжи продлабочувањето на соработката со ООН, особено од гледна точка на размена на искуства и експерти од областа на реформа на јавната администрација и примената на иновативни ИКТ решенија во работењето на јавниот сектор, се вели во соопштението.
Заменик министерот Муцунски, информира МИОА, остварил и средби со претставници на Директоратот за јавна администрација и менаџмент на развој, како и со членови на Комитетот на експерти за јавна администрација.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“