Заменик-државниот секретар на САД Саливан утре во Македонија
Заменик-државниот секретар на САД Џон Саливан утре ќе престојува во посета на Скопје.
Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата на Република Македонија.
Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.
Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.
Во Скопе планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.
За време на својата куса посета на европските дестинации, заменик шефот на Стејт департментот, исто така, ќе има средби со персоналот во американските амбасади во секоја од овие земји, како и со претставници на бизнис заедниците, алумни од американските програми за размена и граѓанското општество.
Ново на Сител
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија
-
Матичните лекари реагираат за најавените казни за пречекорувања при давањето терапија на пациентите