Заматена водата за пиење во Тетово
Поради активирање на стариот доводен цевковод за вода од Попова Шапка до градските резервоари во Тетово од вчера има заматување на водата за пиење во одредени делови од градот, информираат од Јавното комунално претпријатие Тетово.
Според соопштението заматувањето на водата е настанато бидејќи целата количина на водата за пиење била пренасочена од новиот во стариот цевковод бидејќи било неопходно да се извршат одредени градежни активности за поврзување на новата филтер станица на вода за пиење која е во завршна градежна фаза со постоечкиот објект од првата мала хидроцентрала на новиот цевковод.
- Во текот на вчерашниот ден сите потребни градежни работи за поврзување на новата филтер станица на вода за пиење се извршени така што денес од 10 часот целата вода за пиење се враќа во новиот цевковод по што водоснабдителниот систем на град Тетово функционира нормално. Квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод редовно се следи од Центарот за јавно здравје Тетово преку вршење на постојани анализи за квалитетот на водата за пиње. Првичните резултати од водата за пиење, од ценралното градско подрачје узоркувани во попладневните и вечерните часови на 23 март 2017 покажуваат заматување на истата над нормалните вредности. Останатите физичко –хемиски параметри одговараат на прописите. Водата содржи и резидуален хлор што значи се дезинфицира, стои во днешното соопштение од ЈКП Тетово.
Оттаму информираа дека постојано добиваат информации од Центарот за јавно здравје Тетово за квалитетот на водата за пиење од градската водоводната мрежа но од превентивни причини до добивање на конечните резултати препорачуваат водата да се преврива 10 минути, да се олади и потоа да се употребува.
Во донсо на работите околу завршување на изградбата на филтер станицата кд ЈКП Тетово посочија дека тоа е втора и последна фаза од изградбата на новиот систем на водоснабдување на Тетово со чие завршување се очекува конечно да се стави крај на дводеценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење за граѓаните.
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја