Залужњи: На украинската армија и се потребни нови капацитети
Генерал Валериј Залужњи, украински командант на ГШ, изјави дека војната со Русија преминува во нова фаза на статични и исцрпувачки борби, што, предупреди, може да биде од корист за Москва и да и овозможи да ја врати својата воена моќ.
Во интервју за „Економист“, Залужњи рече дека на украинската армија и се потребни клучни нови воени капацитети и технологија, од кои најважно е воздушното воено засилување, со цел да излезе од новата фаза на војната, која влезе во 21.месец. Тој додаде дека залихите на оружје на Западот се покажале недоволни со оглед на долгите руски мински полиња. Во некои области, тие се протегаат до 20 километри.
Тој остро ја опиша опасноста од фазата на исцрпувачки борби: „Ова ќе биде од корист за Русија“.
Тоа ќе и овозможи да ја врати својата воена моќ, што на крајот ќе биде закана за украинските вооружени сили и на самата држава“.
Тој рече дека приоритет за Украина е зајакнување на резервните сили, иако Украинците имаат ограничен капацитет да ги обучуваат во земјата. „Се обидуваме да ги решиме тие проблеми.
Воведуваме единствена евиденција на регрути, а мора да ја прошириме и категоријата граѓани кои ќе можеме да ги повикаме на обука или мобилизација“, рече Залужњи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
