Заложничка драма во центарот на Москва: Маж држи заложници во банка, се заканува дека ќе детонира бомба

Маж зеде заложници во експозитура на „Ситибанк" во центарот на Москва и се заканува дека ќе детонира бомба, пренесе ТАСС.
Се претпоставува дека мажот е на возраст меѓу 55 и 60 години. На вратот има закачено кутија, замотана со жолта лента. Од кутијата излегуваат жици.
Мажот се претпоставува за претприемач од Подмосковјето, кој произведува медицински предмети. Тој вели дека неодамна е банкротирал и сака да се создаде „институција за банкротирана поединци".
Според полицијата напаѓачот, роден во 1961 година, е Арам Петросјан.
Пресслужбата на „Ситибанк" соопшти дека работи со органите на прогонот за решавање во најкус можен рок на инцидентот во банката.
Во нападнатата филијала на банката влегол преговарач. На местото на инцидентот пристигнале полицајци, специјална единица на Министерството за внатрешни работи и претставници на Федералната служба за безбедност, како и деминери од Министерството за внатрешни работи.
Напаѓачот досега ослободи три жени. Се смета дека во банката останале тројца вработени и еден посетител.
Напаѓачот уверува дека неговите акции не се насочени против банката и сам побарал да преговара со полицијата. Банкарски службеници, кои успеале да ја напуштат зградата, велат дека мажот цел ден седел на клупата во близина на банката и се интересирал кој е гувернер на оваа филијала.
Преговорите со напаѓачот лично ги води началникот на градската полиција Анатолиј Јакунин.
Ново на Сител
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
