Бизнис
14. February 2022 - 16:32

Закројување на лозјето на Свети Трифун

Традиционално закројување на лозјето на денот на штитеникот на лозарите. Над 13.000 лозари ги добија субвенциите од државата. Премиерот Ковачевски посочи дека и покрај кризата предизвикана од пандемијата, откупот на грозје е двојно зголемен, но извозот лани достигнал окoлу 50 милиони евра.

Министерот за земјоделство, Николовски најави нов закон за вино.

Овој празник е особено значаен за Кавадарци, градот кој важи за најголем производител на грозје. Градоначалникот Јанчев посочи дека локалните власти се трудат максимално да помогнат да има поголем и поквалитетен род.

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски кој по повод празникот беше гостин кај градоначалникот Јанчев, посочи дека мора повеќе да се вреднува трудот  на лозарите.

Верувањата се дека ако на овој ден се закрои лозјето, ќе има поголем и поквалитетен род.