Законите за дивоградби и за градење на владина седница
Владата денеска на редовна седница ќе го утврди текстот на предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градење, информира владината прес-служба.
На 160.седница на Владата, што треба да почне напладне, ќе биде разгледана информацијата во врска со барањето за издавање лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Членовите на владиниот Кабинет треба да ја разгледаат и информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво 2019 – 2023, со Акциски план, на Министерството за економија. За владината седница за разгледување е предвидена и информација за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.
На предлог на Центарот за управување со кризи треба да биде усвоен меморандум за соработка/разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) за спроведување здружена вежба „Северна Македонија 2020“.
Ново на Сител
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина