Законите вратени од Иванов ќе го чекаат новиот претседател
Граѓаните да го искористат своето избрачко право и да излезат на гласање на претседателските избори, а политичките партии и кандидатите да не ја вжештуваат предизборната атмосфера. Собранискиот спикер Талат Џафери пред почетокот на изборната кампања испрати апел за фер и регуларни избори бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на државата и еден од условите за датум за преговори со ЕУ.
- До политичките субјекти кои директно или индиректно ги поддржуваат кандидатите за претседател на државата, апел до нив со своите постапки и изјави да не придонесуваат кон вжештување на предизборната кампања, но да имаат соодветно ниво на политичка култура во меѓусебната комуникација, На крајот апел и до самите кандидати имајќи предвид дека во контекст на нивниот интелектуален кредибилитет ги имаат сите предуслови тоа и да го рефлектираат во кампањата и со интелектуалниот пристап кон граѓаните да придонесат изборите да бидат што поприфатливи за сите, односно кампањата да не добие негативна конотација, подвлече Џафери.
Во случај во вториот круг да не биде постигнат цензусот од 40 отсто излезност, според Џафери Уставот упатува на нови избори, што треба да бидат распишани во рок од 70 до 90 дена пред нивното одржување. Тоа значи дека нема рок до кога партиите би се договориле за нови избори, но Џафери толкува дека како вршител на должност – шеф на државата не треба да се задржи повеќе од 6 месеци.
Во Собранието денеска и седница за пратенички прашања. Интересот на народните избраници, невообичаено пред избори, се однесуваше на локални проекти, за депонии, за тоа зошто не е пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип.
-По оваа седница пратениците заминуваат на пауза поради претседателската кампања, но можно е нивниот принуден одмор да биде прекинат накратко – за седница на која ќе се прегласуваат вратените закони од претседателот Иванов. За нивно бјавување во Службен весник, Џафери најавува дека ќе се чека новиот претседател. Иста судбина ќе имаат и трите вратени закони кои се донесени со двотретинско мнозинство, а за кои не е потребно ново гласање.
К.Н.
-
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
