Закон за јазици - за власта чекор кон соживот, за опозицијата кон целосна двојазичност
Предложениот закон за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, сметаат пратениците од владејачките партии. За парламентарната опозиција, пак, тој излегува од рамки на Уставот, со него се кршат процедурите, неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава и до дискриминација на помалите етнички заедници.
Со вакви спротивставени ставови вчера продолжи расправата во македонското Собрание по овој Предлог-закон, откако беше прекината поради одржувањето на локалните избори.
Во текот на вчерашното продолжение на расправата во рамки на 15-тата седница на Собранието пратеникот Панчо Минов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е за албански јазик како службен, но, како што потенцира, само во рамки на Уставот, а не воспоставување двојазичност и таму каде што не живеат Албанци.
Потенцираше дека се противи и на водење на седниците на Собранието на албански јазик. Така, според него, ќе им биде потребен превод и ќе се претворат во „пратеници слушалки“.
На ова реплицираше пратеникот Џевад Адеми од ДУИ, кој му порача дека за да не се доведе до тоа да биде „пратеник слушалка“, треба да го научи албанскиот јазик.
- Треба да се научи албанскиот јазик за да можеш да комуницираш со мене како што можам јас со тебе, рече Адеми.
Со овој предлог закон, рече тој, само се прави заокружување на една тема без да се оштети право на другите заедници.
Законот е во прво читање, поради што, пратениците од владејачкото мнозинство посочуваат дека во оваа фаза само се констатира потреба од носење вакво законско решение и оти материјална расправа за законските одредби ќе се отвори во второ читање. Од опозицијата најавија дека во втората фаза ќе предложи амандмани за корекција на ова решение и негово усогласување со Уставот на државата.
Собраниската расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците треба да продолжи и наредниве текот на наредните денови.
Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).
Ново на Сител
-
Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
-
Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани