Заклана девојка пронајдена во парк: Без една патика, со скинати хеланки - смртта на Милена е мистерија!
Телото на Милена Ѓ.(25) од село во близина на Крушевац е најдено во дворот на зградата во улицата Џорџ Вашингтон во Белград, а прилично се мистериозни околностите под кои е пронајдено телото на девојката.
Девојката имала пресечен врат и хеланки искинати меѓу нозете. Девојката Милена Ѓокиќ е забележана на 21. август во раните утрински часови, и првите информации кои се појавија сугерираа дека девојката наводно скокнала од тераса од станот во Белград каде живеела.
Меѓутоа повредите кои се забележани на нејзиното тело и искинатата гардероба, целиот случај го завија во мистерија. Наредена е обдукција на Институтот за судска медицина.
-Пронајдена е во лежечка положба. Девојката имала раширени нозе со искинати хеланки меѓу екстремитетите и пресечен врат, вели извор за Ало.рс.
Милена на себе имала црни хеланки, црна маичка и чорапи. На нејзините нозе останала едната патика, а другата е најдена неколку метри подалеку од неа.
Живеела на шестиот кад од зградата во улицата Џорџ Вашингтон, а била родум од село во близина на Крушевац.
Не е официјално потврдено дека е збор за убиство, а полицијата работи на утврдувањето на околностите под кои се случила трагедијата, која прилично ги шокираше станарите на зградата.
Постојат шпекулации меѓу мештаните од таа улица дека девојката е заклана, силувана и фрлена од тераса, меѓутоа тие информации не се потврдени.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП