Закерберг се заканува со повлекување на Фејсбук и Инстаграм од Европа

Ирската комисија за заштита на податоци минатиот месец донела одлука со која Фејсбук не смее да ги „префрла“ приватните податоци на корисниците од ЕУ во САД, туку мора да ги чува на сервери во Европската унија, поради страв дека тие податоци се надгледувани од страна на американската влада.
Ако навистина дојде до примена на ваквата одлука, последиците за корисниците и бројните компании во Европа би можеле да бидат катастрофални, објаснуваат од Фејсбук во тужбата што ја поднеле до Високиот суд во Ирска.
Во тужбата поднесена од страна на шефицата на Фејсбук за заштита на податоците во Ирска, Ивон Канан, се наведува дека во случај на забрана за пренос на податоци, не е јасно како во такви услови би можеле да продолжат со обезбедување услуги на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ.
Накратко, тоа би значело повлекување на овие две популарни социјални мрежи со повеќе од 400 милиони европски корисници од земјите на ЕУ. Таа особено нагласила дека, благодарение на тие мрежи, европските компании оствариле приходи од околу 208 милијарди евра.
Од Фејсбук исто така потсетуваат дека многу други американски технолошки компании ги користат истите методи за пренесување податоци на сервери во САД, но дека ирската комесарка за заштита на личните податоци, Хелен Диксон, го издвоила само Фејсбук и донела одлука што се однесува само на компанијата на Закерберг, пренесува „Zimo“.
Фејсбук подоцна им објасни на медиумите дека најавата за потенцијално повлекување од ЕУ не е закана со која сакаат да извршат притисок на регулаторните тела за промена на нивната одлука, туку нагласува дека компанијата се потпира на пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД за да работи со своите услуги. Без тој трансфер на податоци, Фејсбук нема да може да им ги нуди своите услуги на корисниците во Европската унија.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
