Закажано судење за убиствата
На 30 јули ќе почне судскиот процес за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче.
Осум месеци по апсењето на групата и одобрувањето на обвинителниот акт обвинетите ќе се соочат со аргументите на ЈО.
Извесно е дека ЈО за нив ќе бара доживотна казна затвор. Исклучок е таткото на Вања кој според обвинението помогнал во грабнувањето, дело за кое максималната предвидена казна е 10 години затвот.
Неговиот адвокат за Сител вели дека се подготвува за главната расправа.
„Како можен датум од судот е најавен 30 јули. Покана не сум примил но во секој случај се подготвувам за првата главна расправа во термин што ќе го закаже судот и во таа смисла го одложив годишниот одмор имајќи ја предвид сериозноста на овој кривичен предмет и интересот во јавноста“, вели адвокатот на Ѓорчевски.
Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, истиот судија кој го водеше процесот за убиството на момчињата кај Смилковското Езеро познат како „Монструм“. Истиот судија ги судеше и предметите „Пуч“ и „Поткуп“ во кои обвинет беше поранешниот премиер Заев како и случајот против „Беса Транс“ чии патници загинаа во несреќа во Бугарија.
Истрагата за Љупчо Палевски Палчо кој од останатите обвинети беше посочен као организатор и директен извршител на убиствата се уште трае откако беше екстррадиран од Турција.
Доколку истрагата заврши и се поднесе обвинение против него, извесно е спојување на двата предмета во еден.
Телото на Вања беше пронајдено на 3 декември лани по исцрпна истрага и силна вознемиреност кај јавноста од нејзиното исчезнување додека девојчето било на пат кон училиште.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз