Закани по живот за новинарката која објави за свадбата во Тетово
Видео од комбајн во кој се меле жито како метафора, закани дека ќе ја најдат и дека ќе зажали, се само дел од заканувачките пораки кои новинарката Мирослава Брнс ги добива откако преку својот личен профил на „Фејсбук“ објави фотографии од свадбена прослава во време кога таквите прослави и собиранки се забранети.
Биг Мама пеела на свадба во „Елита”, инспекцијата го затворила ресторанот.
Како што потенцираа таа, станува збор за закани од гостите на свадбата на синот на екс амбасадорот во Швајцарија.
Полиција ми го обезбедува домот по заканите од објавената свадба ,,дека ќе ме најдат и дека ќе зажалам”. Ми пратија и видео од комбајн во кој се меле жито како метафора. И тоа дочекав. Им благодарам на полицајците за брзата интервенција и на сите над нив што све направија што можеше да се направи. Сепак психолошкиот притисок и терор се огромни. Не е баш убаво да се живее во исчекување дека ,,ќе зажалам и дека ќе ме најдат”. Особено не е убаво кога заканите доаѓаат од гости на свадба на син на екс амбасадорот во Швајцарија кој собрал 200 души во ресторан среде Тетово во пандемија. Сепак, заканата не е дело кое што полицијата ќе го гони по службена должност зашто според нашиот идиотски Кривичен Законик, новинарите не се функционери односно службени лица. Иначе од позитивните вести, многу се згодни полицајциве па тоа некако ме крепи, пишува новинарката.
Ново на Сител
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
