Закана за поставен експлозив на пруга во северно Косово

Специјални тимови на косовската полиција попладнево вршат проверка на пругата, по која денеска требаше да мине возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица.
Тоа е првиот воз што се упати на релација од Белград кон Косовска Миторвица по 1999 година.
Како што јави српската државна телевизија РТС, провеката на пругата започнала откако беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат експлозив на пруга, со најава дека тој е наменет за возот Белград - Косовска Митровица.
Специјалците на косовската полиција спроведуваат проверка на пругата од границата со Србија до Косовска Миторвица, која е во должина од околу 40 километри.
Видео снимката е објавена на Фејсбук страницата „Една нација“, но од неа не може да се утврди на кое место е поставен експлозивот и дали воопшто станува збор за посочената пруга.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
