Зајкова: Претходната Влада вршеше притисок врз судството – сега не познавам некој од власта што врши притисок
Претходната Влада вршеше притисок врз судии, но за оваа, немам информации дека некој вршел притисок врз правосудниот систем, вели за Детектор претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
„Судството е посебна власт, издвоена од извршната и парламентарната. Ние може да донесеме супер закони но зависи од луѓето кои ги имплементираат законите. Не можеме ние да се вратиме наназад на годините кога извршната власт го контролираше и судството и медиумите и граѓанскиот сектор. Памтиме ситуации на притисок врз судиите во минатото но сега не познавам лично дека некој вршел притисок во однос на она што се случува, но не можам секогаш да знам што и како е внатре. Можам да кажам во делот на Собранието, дека она што се донесе како законска материја, треба да обезбеди унапредување“ – вели Зајкова за Детектор.
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса