Зајберт: Турција во моментов не е подготвена да се присоедини кон ЕУ
Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт изјави денеска дека прашањето за прекинување на преговорите за членство на Турција во Европската унија, може да биде ставено на дневен ред на самитот на Унијата, што е планиран да се одржи следниот месец.
- Доколку во октомври има заседание на ЕУ, посветено на темата (за односите со Турција), тогаш германската канцеларка, како што изјави претходно, ќе зборува со нејзините колеги дали треба да бидат прекинати преговорите, наведе Зајберт.
Тој додаде дека „Турција во моментов не е подготвена да се присоедини кон ЕУ“.
- Зборовите на канцеларката зборуваат сами по себе. Турција воопшто не е во позиција да се присоедини кон ЕУ. Всушност, преговорите стагнираат во моментов, посочи Зајберт.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел констатираше дека „Турција не треба да стане членка на Унијата“.
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца