-->
-->
Зајберт: Испорачувањето на Пучдемон во раце на регионален суд
-->
- Германија денеска соопшти дека во рацете на германски регионален суд е одлуката за испорачување на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон, кој е во притвор во северната германска држава Шлезвик-Холстајн.
Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт изјави дека случајот се води во согласност со „германските закони и одредби од европска потерница“.
- Шпанија е демократска држава со владеење на право и останува уверување на германската сојузна влада каталонскиот конфликт да биде решен во шпанските правни и уставни рамки, изјави портпаролот.
Пучдемон денеска треба да биде сослушан од суд во Германија, но засега нема информации каде ќе биде сослушан ниту кога. Пучдемон беше уапсен вчера во Германија по европска потерница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Иџе го тестираше новиот прототип болид
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
