Зајакнување на административните капацитети за прекугранична соработка
Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа организира активност за зајакнување на административните капацитети на овие две институции во поглед на координацијата и управувањето со програмите за прекугранична соработка, соопшти денеска француската Абасада во Македонија.
Оваа активност, која се одржа денеска и утре, е дел од поддршката што Франција во период од повеќе години ја дава на македонските институции во однос на процесот за европска интеграција и усвојување на правните придобивки на Европската унија.
Во тие рамки, како што стои во соопштението од Амасадата, се одржува конференција која ќе му овозможи на францускиот експерт, Жан-Лик Фрес, одговорен за координирање на програмите за соработка коишто се во надлежност на Франција, да ги размени своите искуства со соодветните служби од Министерството за локална самоуправа, а во утре, на 18 декември, и со одговорните лица за координација и управување со програмите за соработка при Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа.
- Амбасадата на Франција во Скопје го поддржува Секретаријатот за европски прашања во неговата улога за координација на фондовите за претпристапна помош (ИПА) и процесот на европска интеграција, преку развој на флексибилни и реактивни форми на соработка. Присуството на францускиот експерт непосредно до вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, со советодавна улога при Владата на Република Македонија за овие области, помага брзо да се идентификуваат и да се одговори на потребите на македонските власти. Франција, како во минатото, така и сега, продолжува со оваа соработка, придонесувајќи за реализација на европските перспективи на земјата, истакнал вршителот на должност при Амбасадата на Франција Доминик Готје.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
-
Малолетничка тешко повредена откако со својот електричен тротинет се судрила со автомобил