Заид Хусеин: Земан е популист и користи методи како ИД
Чешкиот претседател Милош Земан смета дека изјавата на Високиот комесар на ОН за човекови права Заид Хусеин кој го нарече популист и демагог е непристојна и не одговара на неговата функција, изјави денеска портпаролот на Земан Јиржи Овчачек.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Овчачек повтори дека Земан ,,се подготвува да ја брани Чешка пред опасниот тероризам со кого е споеана миграцијата".
Тој рече дека Хусеин, кој како популистичка ја означи и политиката на американскиот републикански кандидат Доналд Трамп се меша во актуелната американска претседателска кампања.
- Мислам дека заслужува единствено осудување и мислам дека ќе го осуди чешката јавност. Изјавата е непристојна и не одговара на неговата функција рече Овчачек.
Хусеин, за Милош Земан заедно со холандскиот политичар Герт Вилдерс, Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека имаат имаат заеднички карактеристики, како што се на џихадистичката прганизација Исламска држава.
- Постапката е едноставна. И така веќе нервозните луѓе можете да ги исплашите и со посредство на лаги за другите и ќе ги убедите дека за се е крива една група на луѓе. После на својата публика ќе и олесните со тоа што ќе и го понудите она што за некои е сон, а за некои страшна неправда. Многу пати повторуваната невистина ќе се претвори во омраза, изјави Хусеин на неговиот говор во Хаг каде учествуваше на Конференција и каде тој за ИД ја употреби арапската кратенка ДАИШ.
Ново на Сител
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром