Захарова: Зад акцијата на ЕУ стои НАТО
Зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија, изјави денеска портпарлоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова.
Таа оцени дека „задачата е да се демонизира Русија“ и оти она на што сега сведочиме е дел од „долгорочната програма на неконтролирана русофобија“.
- Тоа е прашање не само за Русија како држава, туку прашање на Русите и рускиот народ“, изјава Захарова.
Таа нагласи дека САД и Обединетото Кралство стојат зад провокацијата во Салсбери и оти доказ за тоа се бројот на протераните руски дипломати.
- Да не беа денешните бројки, ќе нагаѓавме за причините на овој ѓаволски настап кој го изведе Обединетото Кралство или за реалната корист од целата ситуација, рече Захарова.
Таа потенцираше дека Русија однапред се подготвила за акцијата на британските сојузници.
- Сосема природно, по Самитот на ЕУ ние сфативме што ќе се случува и се подготвивме за тоа, изјави портпаролката на руското МНР.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол