-->
-->
Захарова: Русија нема да ги стави под килим проблематичните прашања со Турција
-->
Русија нема да ги стави под килим проблематичните прашања со Турција, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Таа додаде дека со нормализирањето на односите не се отстрануваат од дневен ред проблематичните прашања кои постојат меѓу двете земји.
- Ако терористите, кои ги следиме, се наоѓаат на територијата на Турција ние ќе продолжиме на ист начин да ги следиме и ќе инситираме да ни ги предадат, посочи Захарова.
Таа посочи и дека недостигот на политички контакти директно ги засега воените контакти, како и дека нормализирањето на политичките односи ќе доведе и до нормализирање во другите сфери, вклучително и во борбата против тероризмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука