Захарова: Ова е сеопшта хистерија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуиција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми.
-Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат се повеќе и повеќе апсурдни тврдења, рече таа.
-Сето ова е претставено како долго очекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се сфати тоа, нагласи Захарова.
Таа оцени дека „неверојатно е што Западот сега се спушта до такво ниво што не сака да преземе никаква одговорност за настаните во Украина“.
Ново на Сител
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
