Захарова: Лавров му објасни на Дачиќ „тешки места на филозофија“
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на Фејсбук објави занимливост од средбата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и неговиот српски колега Ивица Дачиќ кој го пречекал на аеродромот во Белград.
Захарова, која заедно со Лавров престојува во посета на Белград, наведе дека по доаѓањето Лавров „врз примерот од нивниот заеднички напис за Политика и Руска Газета, на Дачиќ му ги објаснил тешките места на филозофијата“.
- Гледај, во весниците е фотографија на која сум со вратоврска, а ти без. А денеска ти си со вратоврска, а ја без. Тоа е дијалектика, ги пренесе Захарова зборовите на Лавров и додаде дека „не можете да се расправате за тоа“.
Захарова го објави и заедничкиот текст на Дачиќ и Лавров за „Политика“ и „Руска газета“ и фотографија од текстот за „Политика“ на која Дачиќ нема вратоврска, а Лавров има, како и заедничка фотографија од двајцата министри на која ситуацијата е спротивна.
Таа додаде дека рускиот министер во Србија има многу богат распоред и на своите следачи на Фејсбук им порача дека ќе ги известува и ќе објавува фотографии.
Ново на Сител
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал
-
Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја
-
САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски