-->
-->
Загубил контрола и се судрил со камион - Тргнал на погреб, заминал во смрт
-->

44-годишниот Хасим Синовиќ трагично го загуби животот со својот автомобил Опел, кој го управувал неговиот брат Бахтијар, откако загубиле контрола и се судриле со камион. Како што пренесуваат денеска српските медиуми, браќата од Холандија каде 20-на години работат и живеат, дошле во Србија и тоа за погреб на нивниот вујко. За жал, и едниот од нив заминал во смрт.
Несреќата се случила на обиколницата пред Белград, кога автомобилот на несреќните браќа се судрил со камион. За жал, Хасим загинал на местото на несреќата, додека неговиот брат и 71-годишен татко кои биле во возилото се тешко повредени.
Извор на српскиот Курир објаснува дека при ударот кој дошол откако автомобилот загубил контрола и влетал под камион, колата целосно се смачкала и совозачката врата летнала, по што сега починатиот излетал од неа. Итната помош можела само да констатира смрт, додека братот и таткото биле веднаш хоспитализирани.
Возачот на автомобилот не бил под дејство на алкохол, покажа анализата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот