Загреб со протестна нота до Србија поради закани кон хрватското малцинство
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи испрати протестна нота до Србија, изразувајќи загриженост поради големиот број закани, притисоци и навреди упатени кон припадниците на хрватското национално малцинство во Србија по барањето да се воведе хрватски јазик во официјална употреба.
По јавна дебата за покренување постапка за воведување на т.н. буневачки говор како официјален јазик во реонот на градот Суботица, „претставници на хрватските институции за национални малцинства во Суботица се изложени на сериозни навреди, закани и притисоци преку социјалните медиуми“, соопшти Министерството.
Според соопштението, „заканите биле пријавени до надлежната полициска администрација во Суботица и се очекува надлежните органи на Република Србиј да обезбедат соодветна заштита и да ги гонат сторителите“.
Соодветно на тоа, Министерството за надворешни работи бара информација од српското Министерство во врска со постапувањето на надлежните органи на Србија, како и за мерките преземени за заштита на безбедноста на претставниците на хрватската заедница во Војводина.
Утрово на официјалната електронска адреса на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина е добиена закана, според која непознат испраќач, меѓу другото, рекол дека „ќе ги убие со митралез“.
Ново на Сител
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква
-
Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
-
Генералка викенд – почна најмасовната акција за собирање на отпадот