Загинаа две лица, а едно е тешко повредено во сообраќајка на излез од Битола
Две лица починаа во вчерашната сообраќајна несреќа на излезот од Битола.
- На 21.02.2023 во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка, соопштија од МВР.
Според информации од МВР, на местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека пак сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта