-->
-->
Загина возач во страотна сообраќајка во штипско, сопатниците повредени
-->

Вчера околу 20.10 часот на локалниот пат Штип-село Драгоево се случила сообраќајна незгода во која Е.Д. (50) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Ц5“ со бугарски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел.
Возачот и сопатниците Д.Ѓ. (51) и З.К. (50), двајцата од Штип, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во КБ-Штип.
Кај возачот Е.Д. била констатирана смрт, кај З.К. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Д.Ѓ. констатирани биле телесни повреди.
И двајцата се задржани на лекување. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ОКТИВ-Штип.
По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
