Загина возач, се забил во патарината Романовце
Едно лице почина откако со автомобил удрил во столб од наплатна станица „Романовце", соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово.
- Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје - Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.
Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.
И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари.
Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Документарен филм ,,Што ја гуши Преспа?”
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија