-->
-->
Загина тракторист во село Ковач близу Македонски Брод
-->

Шеесет годишниот М.С. од Скопје загинал вчера село Ковач, кај Македонски Брод, откако изгубил контрола над тракторот што го управувал движејќи се по шумски пат.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 13 часот, а се случил во атарот на с.Ковач-Македонски Брод.
- М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен пат, изгубил контрола над тракторот којшто се превртел, а од здобиените повреди починал на самото место, наведуваат од МВР.
Од страна на лекар од Здравствениот дом во Македонски Брод констатирана била смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
