Загина пешак на магистралниот пат Штип-Радовиш

На магистралниот пат Штип-Радовиш во близина на местото „Девети километар“ синоќа во сообраќајна несреќа животот го загубил 45 годишниот Мухарем Р..
Мухарем преминувајќи го пеш магистралниот пат налетал на автомобил марка „Фиат Темпра“ со штипски регистерски таблички, а кој бил управуван од 48 годишниот Б.Г жител на штипското село Лакавица.
Портпаролот ан СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека на местото на несреќата веднаш пристигнала Брзата помош, но Мухарем Р. на патот кон Клиничка болница-Штип им подлегнал на повредите.
Увид на местото на несреќата извршил дежурен Јавен обвинител, како и екипа на крим техника на штипската полиција. Резултатот од извршениот алко тест на возачот бил негативен. Телото на починатиот пешак е дадено на обдукција.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
