Загина Евгениј Пригожин - Се урна авион во Русија
Десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, имало во авионот што се урна во регионот Твер (Русија). Меѓу патниците е името и презимето на Евгениј Пригожин, пишува РИА Новости.
Авионот на Евгениј Пригожон се урна во близина на селото Куженкино во областа Твер. Според податоците на руската служба за итни случаи, во авионот имало 10 лица, меѓу кои и 3 членови на екипажот. Според првичните информации, сите во авионот загинале.
Авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграмскиот канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795.
Телеграмскиот канал Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека Embraer Legaci 600 бил „соборен со оган од противвоздушна одбрана во Министерството за одбрана на Руската Федерација во областа Бологовски во Тверската област“.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот