-->
-->
Загина боксерската легенда „Роки“
-->
Германската боксерска легенда Грацијано Рокиџијани „Роки“ загина во сообраќајна несреќа во Италија. Тој имаше 54 години.
Поранешниот светски шампион, кој имаше прекар Роки, бил во Италија да ја посети својата девојка со која има две деца. Според италијанските медиуми, тој одел пешки кога бил удрен од автомобил.
Рокиџијани освојуваше повеќе титули во својата кариера, која траеше речиси 20 години.
Тој беше ИБФ шампион во супер-средна категорија од 1988 до 1989 година, а во 1998 година ја освои ВБЦ титулата во лесна-велтер категорија. Роки ја заврши кариерата со 41 победа во 48 меча, 1 реми и 6 порази кои ги доживеа во последните девет меча во кариерата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза