Загадувањето на воздухот во Пекинг ги натера училиштата да ги откажат воннаставните активности
Поради новото големо атмосферско загадување во Пекинг, училиштата во следните три дена ги откажуваат сите воннаставни активности, информираа вчера кинеските медиуми, една недела по другото слично загадување на воздухот во кинеската престолнина, пренесоа француските медиуми.
Воннаставни активности, од денеска до среда, нема да има во пекингшките детски градинки, основни и средни училишта.
Исто како и минатиот викенд властите предупредуваат за „портокалово“ ниво на загадување на воздухот, посочуваат француските медиуми, повикувајќи се на одделот за просвета во престолнината, цитиран од Ксинхуа.
Температурите на воздухот во Пекинг во зимскиот период се движат околу нулата, па и пониско. На почетокот на неделата над градот падна густ белузлав смог, проследен со остар мирис на чад, што забележливо ја намали видливоста.
Честички со дијаметар од 2,5 микрона (таканречениот PM 2,5) во понеделникот и вторникот достигнаа вредности од над 600 микрограми на кубен метар, покажаа мерењата на американската амбасада во Пекинг.
Според Светската здравствена организација, нивната концентрација не треба да надминува 25 микрограми на кубен метар во едно деноноќие.
Според некои податоци, овие честички се причина за стотици илјади случаи на предвремена смрт во Кина, каде „апокалиптичките“ епизоди од овој вид се чести и будат остро незадоволство меѓу градското население.
Американската амбасада денеска во пекингшкиот воздух измери 287 микрограми честички PM 2,5 на кубен метар, што е 12 пати над препорачаниот плафон на СЗО.
Кина, како најголем загадувач во светот, во средата соопшти дека има намера до 2020 година за 60 отсто да ги намали емисиите на „главни загадувачки материи“ од своите термоцентрали што работат на јаглен, откако претходно ќе им ја модернизира инфраструктурата.
Ова соопштение на кинеската Влада, што беше дадено во текот на конференцијата за климатските промени во Париз, според аналитичарите има за цел донекаде да го смири големото народно незадоволство, додаваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!