Македонија
21. December 2023 - 16:53

Загадениот воздух ги активираше посебните мерки во Струмица и Кичево

Аерозагадувањето во Струмица на алармантно ниво, од денеска повторно активирани мерките за заштита од загадување. Ваквата одлука на Министерството за животна средина доаѓа откако мерните станици покажале дека два дена по ред нивото на штетните ПМ 10 честички во воздухот е многу поголем од дозволеното.

Еко активистите минатата недела прстот го вперија во индустријата која, според нив, била најголем загадувач. Побараа од општината многу почести контроли од инспекторите и санкции за сите загадувачи. Сега со апел и до граѓаните, да се воздржат од користење на нееколошки материјали за огрев.

Дел од мерките за заштита од загадување предвидуваат ослободување од работа за бремените жени, хронично болните и лицата постари од 60 години како и прилагодување на времето за работа на работниците кои работат на отворено во период од 11 до 17 часот. Меѓу другото, во мерките спаѓа и забрана за одржување на спортски натпревари и манифестации на отворено.