-->
-->
Загадени водоводи во Чешиново-Облешево
-->

Зголемениот водостој и излевањето на реките минатата недела, предизвикаа загадување на водоснабдителните системи и извори во повеќе населени места во општина Чешиново Облешево. Населението од селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Уларци и Кучичино веќе се соочува со загадена вода за пиење од сопствените водоводи за што се препорачува употреба на флаширана вода.
- Општинската организација на Црвен Крст-Кочани во соработка со општина Чешиново Облешево во текот на вчерашниот и денешниот ден дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во овие населени места. Флаширана вода денеска беше дистрибуирана и во Детските градинки во Облешево и Чешиново, изјави Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст на Кочани.
Вкупно се донирани над 2000 флаши минерална вода од по 6 литри и 0,5 литри донација од ДООЕЛ „Центрофрута“ Виница, како и од резервите на општинската организација на Црвен Крст Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
