Заев:Пријателството меѓу Македонија и Кина основа за продлабочување на билатерално-економските односи
- Македонија и Кина имаат одлична соработка за што најдобар доказ е 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави која се одбележува годинава.
Ова било истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со делегацијата на Амбасадата на Народна Република Кина, предводена од амбасадорката Јин Лисјен.
Во таа насока, како што соопшти владината прес-служба, била изразена подготвеност за имплементирање на инфраструктурните билатерални проекти од интерес на Македонија, како и динамизирање и интензивирање на економските, културните односи и соработката во областа на транспортните услуги, образовната и научната дејност.
Амбасадорката Лисјен му ги пренела поздравите од премиерот на НР Кина, Ли Кечјанг на македонскиот премиер, како и честитките за постигнатиот договор со Грција за стратегиско партнерство и решавање на спорот со името.
Лисјен на средбата посочила дека одржувањето на пријателски односи со соседите отвора нови можности и перспективи за проширување на соработката со останатите земји, што ќе помогне за забрзан економски развој на Македонија.
Премиерот Заев и амбасадорката Лисјен разговарале и за детали од претстојниот седми Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и на НР Кина (Процес 16+1), кој ќе се одржи на 7 јули 2018 година, во главниот град на Република Бугарија, Софија
Ново на Сител
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје