Заев - Звиздиќ: Македонија и БиХ реализираат регионална соработка што отвара пат кон ЕУ
Посетата на македонската владина делегација на највисоко ниво на Босна и Херцеговина е почеток на најавената интензивна соработка меѓу двете држави и е во духот на развојот на регионалната соработка потребна за евроатланските интеграции, оценија македонскиот премиер Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ на денешната средба во Сараево.
- Република Македонија и Босна и Херцеговина денеска на дело ја реализираат преземената обврска за развој на регионална соработка пред Европската унија, истакна премиерот Заев.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е констатирано дека двете држави немаат сензитивни прашања за решавање и оти билатералните односи имаат отворен пат за добра иднина преку изразената политичка волја за унапредување на соработката.
Оценето е дека документите за соработка во земјоделството и културата, што се потпишуваат денеска, носат олеснувања за граѓаните во овие области.
Посочено е дека ќе следуваат и чекори во насока на реципрочно признавање на возачките дозволи, влез и излез во државите со лични карти, отворање авионска линија на релација Скопје – Сараево, што ќе придонесе за значајно зголемување на економската соработка и на туризмот.
Премиерот Заев објаснил дека Владата е силно посветена на итните реформски приоритети, што треба да донесат квалитетен живот на граѓаните и стабилна иднина за државата. - Планот 3-6-9 на којшто се обврзавме и сите овие чекори што ги правиме за развој на добрососедските односи, очекуваме да ја турне Македонија поинтензивно по патот кон ЕУ и НАТО, истакнал Заев.
Двајцата соговорници оцениле дека мултикултурализмот во Република Македонија и во БиХ се покажале како предност затоа што и самата Европска унија е семејство на различности кои заедно се развиваат и ги решаваат отворените прашања во граѓански интерес.
На средбата е потенцирано дека Република Македонија и БиХ имаат добра меѓународна соработка и исти стратешки цели - членство во ЕУ и НАТО. Во таа насока изразена е подготвеност двете држави да се фокусираат кон агендите во своите држави и на ниво на регионот, со што ќе потврдат дека Западен Балкан е веќе дел од ЕУ.
Во состав на владината делегација се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора