Заев: Здравјето на граѓаните пред се, политичките партии да бидат пример за почитување на препораките
Социјалдемократскиот сојуз ќе ги почитува препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги води преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстримиг, порача денеска лидерот на партијата Зоран Заев по лидерската средба во Владата свикана на барање на премиерот Оливер Спасовски.
– Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над се останато, изјави Заев, додавајќи дека политичките партии треба да бидат пример за почитување на инситуционалните препораки.
Тој рече дека не се разговарало за одложување на изборите и оти начинот на водење на предизборната кампања ќе биде усогласен со мерките и препораките и оти тие се за доброто на сите граѓани за брзо и ефикасно справување со ситуацијата.
Апелираше до родителите на кои им е онезвоможено правото да отсуствуваат од работа да го пријават во Државниот трудов инспекторат, а до граѓаните да не веруваат на лажните вести, туку на официјалните податоци што ги објавува Министерството за здравство.
– Имаме должност и одговорност сите да ги следиме. Апелирам сите да не мрднеме ниту милиметар од препораките. Институциите покажаа капацитет за справување со ситуацијата и убеден сум дека ако сите се спротиставиме заедно, оваа состојба набрзо ќе биде надмината, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга