Заев: Законот за јазици ќе биде донесен пред локалните избори
Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
- Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,... кон оваа владејачка коалиција, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.
Според него, народот сака решавање на проблемите.
- Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја, потенцира премиерот.
Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата