Заев: За земја членка на НАТО градење на 5G мрежата е недозволиво
За земја членка на НАТО градење на 5G мрежата е недозволиво, ниту кај нас, ниту во било која од земјите членки, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.
Тој нагласува и дека ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите и кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме членка на НАТО и до крај се почитуваат принципите на Алијансата.
-Прво мислам дека Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, една Германија, една Франција, итн. Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи. Секако почитување на “фидинг“ алатките коишто значат исполнување на условите, и комплетна конкурентност и одговорност внатре, важи за сите, така важи и за кинеските компании и поради тоа не учествуваат во дел од тендерските постапки. Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. И тоа е така. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Фала богу поминавме од денешен аспект гледано еден драматичен процес којшто нѐ освести дека тоа е недозволиво. Мора да има компетитивност. Ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите. Кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме НАТО земја членка и до крај се почитуваат принципите на НАТО. Кина партиципира со сериозни дотации на многу кинески фирми коишто ги става во предност во однос на многу европски фирми, и за тоа е свесно и НАТО и ЕУ и затоа се бараат соодветни механизми затоа што секогаш гарант за квалитетот и компетитивноста се транспарентноста, отчетноста и секако конкурентноста во самите постапки. Јас верувам дека ќе се изнајдат сериозни механизми за сите современи закани за НАТО вредностите, а тоа владеењето на правото, демократијата, компетитивноста, слободите, вели Заев.
Ново на Сител
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
