Заев за законот за легализација на дивоградби: Најлесно е да бидете популисти и да кажете нема закон
„Во вакви околности, најлесно е да бидете популисти и да бидете гласни и да кажете – нема закон. Но, што правиме со другите 50.000 дивоградби, со стовариштата, фабриките, кои не се спорни за никој, а треба да добијат имотни листови?“, вели премиерот Заев во интервју за „Фокус“, за Законот за легализација, кој по изгласувањето во Парламентот, не беше потпишан од Претседателот на државата и за кој сега се води дебата.
Тој посочи дека потребата од носење на новиот Закон беше поради тоа што престана да важи стариот и оцени дека новиот закон ќе овозможи приматели на социјална помош да не плаќаат ништо, напоменувајќи дека постои потребата од легализација на половина од постојните водоводни и канализациони мрежи, дел од локалните патишта и културни домови и обележја.
Притоа, премиерот Заев потенцира дека се слушаат укажувањата на стручната јавност, колективните згради не беа ставени во Законот, поради остварување бизнис и избегнување на Законот и дека УНЕСКО е комплетно вграден во заштитата на Охридскиот Регион, согласно Законот за управување и таму нема легализација.
Исто така, нема да биде дозволено градење и во националните паркови и во сите заштитени подрачја.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО