Македонија
1. October 2021 - 19:57

Заев: За поголеми плати потребно е повеќе работа

Администрацијата треба да работи поефикасно, а не пократко, смета премиерот Заев, кој вели дека ќе го чуе мислењето на јавноста. Предлогот со кој администрацијата треба да работи 36, наместо 40 часа неделно, бил на група граѓани и потоа влегол во предизборната програма на владиниот коалициски партнер ДУИ. Премиерот смета дека треба да се испочитува предлогот и затоа, вели, е ставен на ЕНЕР за да се види што мислат граѓаните.

Идејата административците во петок да работат само до 12 часот за граѓаните е неприфатлива.

Законските измени се сè уште во работна верзија поставени на ЕНЕР и допрва ќе се организираат јавни расправи, на кои ќе се чуе мислењето од сите засегнати страни. Министерот од редовите на ДУИ, Јетон Шакири, кој раководи токму со секторот администрација, за Сител вели дека при подготвување на законите земени се во предвид различни анализи подготвени од многу европски држави. И нагласува дека ефективноста на работата се мери со резултати од работењето и сите успеси при работа, за таа цел да се посветиме на ефективноста и ефикасноста на работните часови, вели министерот.