Заев за новата бомба: ДУИ не вреди пет пари, тоа е мој став и денес

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се огласи на својот Фејсбук профил во врска со аудио материјалите објавени денеска на Јутјуб.
-ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери, напиша Заев на Фејсбук.
Вели дека не само со зборови, туку и на дело ја покажал и ја докажал својата љубов и почит кон Албанците.
-Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство, напиша Заев.
Тој порачува дека целата јавност имала можност да слушне дека тој не го изговара никаде тој збор што е навредлив, како што вели, за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.
На Јутјуб денеска се појавија нови снимени разговори во кои се слуша Заев со соговорник со мутиран глас, кој Албанците ги нарекува Шиптари, а Заев во разговорот вели дека не вредат ни пет банки на политичкиот пазар. Снимките не се целосни и се прекинувани на неколку места.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
