Заев за австриски „Стандард“: Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија, а тие нашата
Премиерот Зоран Заев во интервју за австрискиот весник „Стандард“ на прашањето за бугарското вето на пристапните преговори за Македонија во ЕУ и можниот излез од оваа ситуација, изјави дека разговорите со нашиот сосед продолжуваат и оти, според него, направени се чекори поблиску до решение.
– Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за надворешни работи напорно работат на тоа. Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција, истакнува претседателот на Владата Заев во интервју за виенски „Стандард“, се посочува во соопштението од владината прес-служба.
Премиерот Заев подвлече дека овој процес е билатерална работа, дека во него ЕУ е наш заеднички пријател и дека имаме целосна доверба во европските институции.
Ново на Сител
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички