Заев: Време е за конечен пораз на „заробената држава”, сите политички субјекти да ги поддржат реформите
Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран, порачува премерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за Јавното обвинителство.
– Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите.
Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран.
Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.
Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“. Ве повикувам сите да ги поддржиме решенијата со кои ги заокружуваме реформите, за подобар живот во овој наш убав мозаик, во ова наше заедничко општество, наведува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста
Ново на Сител
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски