-->
-->
Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1
-->
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.
– Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации, наведува Заев.
Тој посочува дека економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
– Владата предводена од СДСМ преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, додава Заев во објавата на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу