Заев: Влегуваме во година на клучни одлуки
Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата. Заев истакнал дека промените во државата навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки.
На оваа предновогодишна средба, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ги запозна коалициските партнери со главните точки и остварувања на Владата, и нагласи дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.
- Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно заемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите, истакнал Заев.
Во текот на разговорот Заев зборувал за повеќе прашања од интерес за граѓаните, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите седум месеци се преточија во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на Владата.
- Беше нагласено дека насоките се утврдени, и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на Планот за економски раст, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај